Иако бројот на заразени лица расти бавно во Хрватска, тамошните научници велат дека дури и кога бројот на нововозаболени ќе почне да се намалува, нема да е готовои не можеме да знаеме кога ќе биде.
Важно е граѓаните да сфатат дека вирусот нема да биде победен од топлото време или било какви надворешни фактори или дека ќе имаме вакцина до тогаш и тогаш. Додека не се создаде вакцина, а тоа би било до крајот на оваа година или на почетокот на следната година, да се придржуваме до сите мерки, рече вчера научникот Иван Ѓикиќ за РТЛ .
Тој додава дека треба да ги заборавиме сите планови што сме ги имале за оваа година и дека Хрватска оваа сезона треба да заборави на туристи и да се фокусира само на домашните.
Според неговиот колега, Игор Штагљар, бројот на случаи ќе почне да паѓа по три месеци, кога и ќе може да се олабават дел од воведените рестрикции – дел од граѓаните да почнат да одат на работа, но не и целосно враќање во нормала.
Следнава недела ќе биде најтешка, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека во САД нагло ќе се зголеми бројот на по чинати лица.
Во синоќешното обраќање до нацијата Трамп рече:
-Ова најверојатно ќе биде натешката недела, периодов меѓу оваа и следната недела. Ќе има многу загубени животи, за жал. Најверојатно во Њујорк ќе биде најтешко.
Во борбата против ширењето на пандемијата на коронавирусот, Трамп рече дека ќе распореди припадници на војската во тешко погодените сојузни држави.
Грчките власти се надеваат дека состојбата со корона вирусот ќе се смири до крајот на мај. Соседната земја подобро се справува со заразата за разлика од останатите земји на ЕУ и затоа грчките власти се надеваат дека ситуаацијата ќе се стабилизира до почетокот на летната сезона.
Вчера во Грција имаше 20 по чинати од корона и само 79 новозаразени.
Даница Грујичиќ, една од најпознатите српски докторки објаснува дека ова лето граѓаните треба да заборават на летување во странатво и оти е побезбедно секој да летува во својата земја.
Ако планирате одмор останете дома. Не знаеме како вирусот ќе се шири во другите земји. Сите заедно ова го преживуваме и мислам дека е најдобро да останаме во своите земји. Имаме езера, планини, одморалишта. Останете овде во летната сезона-препорачува докторката.