Зошто жените поретко заболуваат од Ковид19: Имаат посилен имунитет затоа што раѓаат или?

0

Научниците сметаат дека постои разлика во подложноста од инфицирање со Ковид 19, а која би можела да биде индицирана од различното социјално однесување, работни обврски и полови хромозоми.

“Постојат разлики во половите системи, органите и ткивата, но и во имунолошкиот систем”, вели Каролин Перез во нејзината книга.

Според податоците на земјите кои се погодени од пандемијата, се чини дека се заразуваат и умираат повеќе мажи отколку жени. Станува збор за недоволно истражени податоци и не е позната причинита зошто тоа е така.

Оваа шема нагласува дека полот и поврзаните социјални норми и однесувања очигледно претставуваат индикатор за ризик од новиот коронавирус.

,,Постојат очигледни сериозни разлики во полот и имуниот систем’’ нагласува професорот Мерсија Стефаниќ, професор по медицина во Центарот за истражување и превенција во Стенфорд, дел од Медицинскиот универзитет во Стенфорд.

Во Италија, 70% од смртните случаи се мажи, предизвикани од новиот Ковид19. Според Националниот здравствен институт поголем ризик од заразување со вирусот имаат мажите, особено оние на постара возраст, со регуларна здравствена состојба, вообичаена за возраста.

Во Кина, неколку студии покажуваат дека мажите опфаќаат повеќе од половина од заразените пациенти, од појавата на првите случаи во декември.

Минатите епидемии на болести како САРС во 2003 година и МЕРС во 2012 покажуваат двојно поголем ризик на смрт кај мажите во споредба со жените.

Сега се смета дека новиот коронавирус предизвикува трипати поголема изложеност на смрт кај мажите, според мета-анализата направена на Мединскиот универзитет во Мајами.

Некои студии, направени меѓу 1. јануари и 3. март со 4.789 пациенти ги образложуваат причините зошто мажите се наоѓаат во поризична група на заразување отколку жените.

Една од причините може да биде социјалното однесувања кое подразбира уживање на алкохол и цигари, што ги зголемува шансите за инфекција и смрт од вирусот. Консумирањето алкохол и пушењето се карактеристични за мажите, според направените анкети.

Ова може да објасни и зошто статистички тие страдаат повеќе од жените од здравствени состојби како што се карцином на белите дробови и срцев удар.

Конкретно според состојбата во Италија, повеќе од 7 милиони пушачи се мажи, додека 4.5 милиони се жени.

Научниците велат дека преваленцијата што му помага на новиот коронавирус да влезе во човечките клетки е поголема кај пушачите, што може да објасни зошто повеќе мажи се заразуваат од болеста Ковид 19 која во голема мера го напаѓа респираторниот систем.

Родовата распределба на работните места исто така игра улога. Некои научници во Вухан, Кина шпекулираат дека преваленцијата на вирусот кај мажите може да биде поврзана со нивната доминација во трговијата со пазарот и дека патигенот ‘’скокнал’’ од еден неидентификуван вид кај луѓето.

,,Од друга страна, жените имаат поотпорен имунолошки систем.’’ посочува професорот Стефаник додавајќи дека тие реагираат подобро на вакцините и можат полесно да ги елиминираат инфекциите од организмот отколку мажите.

Една од причините со кои се објаснува посилниот женски имунитет е фактот што во бременоста, женските тела ‘’научиле’’ да ги напаѓаат бактериите и вирусите, бидејќи во себе носат друго тело кое мора да се заштити за да добие живот.

Исто така и половите хромозоми играат важна улога. Мажите имаат пар што содржи X и Y хромозоми, додека жените имаат две X.

Х – хромозомот кој има околу 900 гени – а многу од нив се поврзани со имунолошката функција – е околу трипати поголем од Y – хромозомот. Значи жените имаат двојно поголема доза од оние гени кои го поддржуваат имунолошкиот систем.

Професорот Стефаник како за крај додава: ,, Еволуцијата функционира на овој начин веќе долго време, и не е само кај луѓето, ова важи и за животинскиот свет.’’

Oбработи Мартина Христовска Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаНа граѓаните на Њујорк не им се верува – има предлог парковите да се користат како вечни почивалишта
Следна статијаСијарто: Му благодарам на Христијан за поканата да дојдам – Мицкоски се заблагодарува на Орбан