Доктор Лазаров: Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда нека ви се на помош

0

Докторот Ненад Лазаров кој по појавата на коронa вирусот е доста активeн како на социјалните мрежи, така и во изработка и пласирање на медицински визири, се огласи и до граѓаните упати нов апел.

ЦИВИЛИ НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ НИТУ ЛАТЕКСНИ НИТУ НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ, веднаш да се забрани, дури и да се казнува! Свесни ли сте која дисеминација правите со тие ракавици што ги носите со часови?

Тоа се ракавици за еднократна употреба, ЕДНОКРАТНА! Не да пазариш и да шеташ со нив цел ден, не за касиерки, насекаде! Маските што скоро сите несоодветно ги носите и манипулирате, ги допирате со истите тие ракавици, катастрофа!

Не миете раце заради лажно и апсурдно чувство на сигурност кое самото носење ви го дава, а пред се затоа што не се мијат раце со ракавици на нив! Тоа ќе не чини животи!

Едноставна е препораката, мијте раце често дури и “компулсивно” , задолжително по било каков надворешен контакт!Користете дезинфициенси на база на алкохол и сл. секогаш кога не е можно миење на рацете со сапун

Не го допирајте лицето, особено не носот, очите и устата, барем трудете се што помалку! Оние кои кашлаат и киваат, првенствено да останат дома, никој од нас не знае дали е инфициран или не, никој! Кашлање и кивање во внатрешен агол на лактот, никако дланки!

Препорачувам да броите колку пати миете раце во текот на денот, како стимуација.Пример, во 8 часовно работно време, барем 16 пати, ако имате контакт со повеќе различни предмети, хартија и тн. соодветно повеќе.

Гледав тв по неколку дена апстиненција, интервјуираа луѓе, СИТЕ ДО ЕДЕН, вклучувајќи го и новинарот, со ракавиците ги допираа маските и лицето, маските им беа под носот, под брадата, цел ден една маска…

ЦИВИЛИ НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ НИТУ ЛАТЕКСНИ НИТУ НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ,веднаш да се забрани, дури и да се казнува! Свесни ли…

Публикувахте от Nenad Lazarov в Събота, 4 април 2020 г.

Одвратно. Катастрофално. Разочарувачки. Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда и тн. нека ви се на помош!

Убеден сум дека е подобро рацете во џеб да ги држите, него у ракавициве. Џеб ко џеб, празан.

Убеден сум дека е подобро рацете во џеб да ги држите, него у ракавициве.Џеб ко џеб, празан.

Публикувахте от Nenad Lazarov в Събота, 4 април 2020 г.

Претходна статијаБројките на заразени со корона рапидно скокнаа: Уште еден македонски град го бара истото што важи и за Куманово
Следна статијаПокрај Инфективна, се активираат уште неколку болници, Филипче најави уште поголеми бројки