Венко Филипче, Министерот за Здравство, денес не одржа прес-конференција како што е тоа вообичаено, но затоа пак беше активен на социјалните мрежи каде вечерва кажа:
Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители.
Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени.
Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава.
Димче Шипинкаровски во фејсбук група „И Јас сум Венко Филипче“ денес сподели една вест кој и тоа како е позитивен пример
ПОДРШКА на иницијативата од неколку стоматолози од Струга.
Пред малку до мене стигна информација дека одредена група на доктори стоматолози кои што се ослободени од работа заради новонастанатата ситуација со вирусот COVID 19 или се ангажирани со професионален ангажман од еден ден во неделата или на две недели, се понудиле доброволно да се ангажираат во земање на корона тестови.
Оваа категорија на Доктори Стоматолози имале договор за соработка со Фондот за Здравствено Осигурување.
Доколку има зголемена потреба ќе помогнеле на своите колеги од инфективното одделение или на други одделенија во Јавното Здравство. Респект почитувани ДОКТОРИ СТОМАТОЛОЗИ. Навистина несебично ја почитувате Хипократовата заклетва.
За потсетување во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.
Со ова, во денешната статистика се видентирани 5 починати лица од Ковид-19.Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.