(ВИДЕО) Семејството Заеви со голем и хуман потег

0

Во Општина Струмица ќе се поделат заштитни маски и прехранбени пакети од страна на волонтерите, информираше денес на прес-конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.

-До Општинскиот штаб за заштита и спасување стигна донација на заштитни маски, кои ќе бидат поделени од волонтерите на Општина Струмица, а се донирани и хуманитарни пакети со основни прехранбени производи, кои, исто така, ќе бидат поделени на граѓани од социјално ранливи категории, рече Оџаков.

На новинарско прашање од кого е донацијата на хуманитарните пакети, Оџаков одговори дека е од семејството Заеви.

-Освен во Општината, вакви пакети се донирани и во другите општини во државата, кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви, кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале каде имало потреба од било каква помош, додаде началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.

-Истовремено, ги следиме и потребите на граѓаните во овие вонредни околности и од тие причини, а во интерес на земјоделските производители и граѓаните ги отворивме пазарите за продажба на земјоделски и прехранбени производи „Чешел“, „Кантон“ и Кванташкиот пазар, но со дополнителни мерки за заштита.

До Општинскиот штаб за заштита и спасување стигна донација на заштитни маски кои ќе бидат поделени од волонтерите на општина Струмица. Сакам да информирам дека се донирани и хуманитарни пакети со основни прехранбени производи кои од страна на волонтерите на Општината ќе им бидат поделени на граѓаните од социјално ранливите категории

Тој упати апел до други компании и граѓани во рамките на нивните можности да помогнат на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена.

Нагласи дека дистрибуцијата ќе се врши согласно сите мерки за заштита, почнувајќи од пакувањето, па се до доставувањето на семејството, а ќе ја вршат волонтери обучени за ваква испорака.

Донацијата на хуманитарните пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица вакви пакети донираше и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства.

Од името на Општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале таму каде што имало потреба од било каква помош.

Претходна статијаНајтежок ден за Македонија со Корона: Познат билансот во последните 24 часа
Следна статијаДокторот Владимир предупредува за лажни симптоми на корона вирусот