Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи и ги сподели информациите за последни 24 часа со корона вирусот во Македонија.
Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје поч инаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.
Институтот за јавно здравје информира за уште два см ртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постм ортем и странски државјанин кој живеел во Скопје 4 месеци.
Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.
Со ова, во денешната статистика се видентирани 5 поч инати лица од Ковид-19. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.
За 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје -13, Куманово -8, Штип -5, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.
Како за споредба, вчера во изминатите 24 часа беа регистрирани 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.