Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во петок (денеска) до 5 часот во понеделник, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
По ова на социјалните мрежи се огласи Градоначалникот, Максими Димитриевски
Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува. Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.
Дали требаше да се најави, да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 Март, тоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесувсаат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија.
– Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена.
Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома.
Венко Филипче денес информираш дека во кумановската болница има 11 потврдени случаи позитивни на коронавирусот. Во инфективното одделение се испратени по еден доктор од Скопје и Штип, кои ќе ја организираат и одржуваат работата на одделението.
Согласно податоците за новодијагностицирани случаи во Куманово, со одлука на Владата донесени се нови и построги ограничувања на движењето на граѓаните во овој град
Одлуката за 24-часовен карантин на Куманово предизвика сериозен хаос во градот. Метеж во сообраќајот, долги редици пред скоро секој маркет и аптека.
Граѓаните масовно излегоа од домовите да се снабдат со потребните намирници за претстојниот викенд во кој на сила ќе биде целосна зарабана за движењето почнувајќи од вечерва од 21 часот.
Одлуката следува по неодговорното однесување на граѓаните кои не ги почитуваа препораките за намалено движење со што значително започна од ден на ден да расте бројот на заболени.