Сите нешто за Венко пишувате, па еве и јас: Пред седум години Филипче ми ја спаси сопругата

0

Дејан Димитровски во групата на фејсбук под име „И јас сум Венко Филипче -поддршка“ напиша свое искуство:

За Венко…

Пред 7 години сопругата на 31 годишна возраст доби прскање на анеуризма во мозокот(нема да пишувам за голготата додека не примија на одделение во неврохирургија) ..

По итните проверки лекарскиот тим одлучува веднаш утредента да ја оперираат поради големо крварење иако според некои медицински правила требало да поминат 21 ден за да има помалку ризик со смртни последици. Вечерта додека чекав во ходниците доагаа сестри и прашуваа дали би сакал да разговараат со некои доктори да ја оперираат иако не им беше смена.( најверојатно беше во прашање нешто околу пазар) .

По консултации со мои пријатели на кои им кажав дека др Венко Филипче се паѓа на смена за операција ме уверуваа да се одлучам за него. Тогаш дојдоа најтешките моменти кога анестезиологот ме повика да потпишам документ дека операцијата е со ризик од дури 50% смртност.Лично отидов во канцеларијата на др Филипче и во тој хаос од емоции го прашував што треба да направам за да ја спаси сопругата.

Пред да влезам кај него дојдоа пријатели кои лично се понудија финансиски да помогнат за да ја спасиме. Кога ме ислуша др. Филипче изричито ми одговори дека јас не треба ништо да направам…

Мое е само да верувам во него и господ.. Да бидам искрен во тој момент и станот бев спремен да му го препишам. Операцијата траеше 5 ипол часа и за голема среќа заврши успешно. На кратко го видов докторот на излегуванје од сала и видов дека едвај одеше од замор. Потоа додека сопругата беше во шок соба и откако се разбуди цело време бев таму присутен..За тоа време човеков го гледав нонстоп .

Во разговор со сестрите дознав дека секој пациент што ќе го оперира одел на кратко до дома и веднаш се враќал назад да му ја следи состојбата до будење и излегување од шок соба! Познавајќи го нашето здраство не ми беше верно сепак за тоа лично бев сведок. По опоравувањето и по излегувањето од болница јас бев еден од најсреќните луѓе на светот.

Цело време се прашував како да му се одолжам на тој човек за сите работи што ги направи за моето семејство. Разговарав со негови блиски луѓе како со еден мал гест мал поклон да го почастам сите ми рекоа дека ќе бидам одбиен. Сега ќе има и такви што ќе мислат дека ова е можеби реклама..

Сепак за ова постојат многу сведоци и јас лично сум се зарекол додека сум жив дека за таа личност нема да дозволам некој да го негира фактот дека е најпозитивен пример за доктор и човек.. . Одговорноста, чесноста и пожртвуваноста негова нека биде пример за сите во ова општество..

Претходна статијаВучиќ скршен и во солзи: Загуби близок човек поради корона вирусот
Следна статијаФранцузинот Жан Ротнер за САД: Тие даваат пари во кеш и тоа трипати или четирипати повисока цена од нашата