– Српската Влада, на барање од шефот на државата Александар Вучиќ, денеска ќе ја повлече одлуката за информирање во текот на вонредната состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Таа истакна дека власта направила се што е потребно за граѓаните на Србија да бидат точно и навремено информирани и ниту една информација да не биде скриена од јавноста, но неодамна усвоената одлука ќе биде повлечена „за да не се фрли сенка врз она што државата го работела макотрпно“.
– Иако верувам дека оваа уредба ги штити сите, граѓаните, здравствените работници и семејствата, од лажни вести и непроверени информации, за да не се фрли сенка врз она што го работиме макотрпно, Владата денеска, пред седницата на кризниот штаб, ќе ја повлече одлуката, нагласи Брнабиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска прими тешка вест дека неговиот најдобар пријател од детството Владо Б.(45) починал од корона вирусот.
Станува збор за другар со кој растел во новобелградскиот блок, каде и одел во основно училиште. Како што пишува срписки Курир, денеска Вучиќ не ги криел солзите пред своите соработници, кога ја чул лошата вест.
Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс.
До денес во националната референтна лаболотирија на Инстиутот Торлак, тестирани се вкупно 5008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.
Денешната редовна владина прес конференција во 15 часот е одложена, а за во 18 часот по седницата на кризните штабови најавено е обраќање на јавноста на претседателот Александар Вучиќ, на кого му е соопштена жална вест дека му починал од корнавирусот најдобриот другар од детството Владо Бејлогрлиќ (45 г.) поради што српскиот претседател неможел да ги скрие солзите пред соработниците.
Изминатите два дена претседателот Вучиќ не се појавуваше во јавноста поради здравствени проблеми.