Бројот на новозаразени во Русија во последните 24 часа забележа рекорден скок од 771 лице и сега вкупно изнесува 3.548 инфицирани, објави рускиот кризен центар за коронавирус.
Случаи на зараза се потврдени во 76 руски региони, од околу 80, а Москва е сè уште главно жариште со 585 случаи, соопшти центарот.
Според податоците на руските здравствени власти досега починале триесет лица.
Рускиот претседател Владимир Путин најави дека неработните денови ќе бидат продолжени до крајот на април, при што ќе се задржат платите, соопштија претставници на Кремљ.
Рускиот претседател рече дека заканата од новиот коронавирус останува, со тоа што врвот во светот и во Русија се уште не е достигнат.
На раководителите на одделни региони ќе им се дадат дополнителни овластувања, додаде Путин. Нивните информации ќе се испраќаат во Советот со цел Владата полесно да ја координира ситуацијата
Владимир Путин, rускиот претседател во понеделникот ги повика московјаните сериозно да ги сфатат повиците за останување дома и со тоа да придонесат за спречување на ширењето на вирусот.
Русија активно ги зголеми производството и употребата на тестовите за ковид-19 што се спроведуваат во 95 лаборатории во земјата, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесува „Спутник“.
Мишустин додаде дека граѓаните во карантин ќе бидат должни да водат дневник во кој ќе ја запишуваат својата здравствена состојба, а од нив ќе биде побарано и да го потврдат режимот на самоизолација.