Корона вирусот ширум светот забрзано се шири, а државите на најразличен начин се обидуваат да го забават и да спречат што помал број луѓе да заболат.
Како и многу земји во светот, така и Индија деновиве прогласи полициски час поради пандемијата со коронавирусот. Веќе за нивните методи многумина дознаа
За да се задржат сите 1.3 милијарди луѓе дома, полицијата е принудена да користи брутални методи, па честопати на улиците може да се видат полицајци кои со стап ги тепаат оние кои ја прекршуваат мерката.
Претседателот на Филипини Родриго Дутерте ги предупреди граѓаните дека ќе издаде наредба до полицијата и војската да го убијат секој „кој прави неволји“ во тек на карантинот кој во воведува во земјата.
На сите ова да ви биде предупредување – слушајте ја владата, сега најважно е во земјата да владее ред, рече Дутерте во обраќањето до нацијата „не се обидувајте да ги повредите здравствените работници, лекарите,затоа што тоа е сериозно злосторство, нагласи Дутерте.
Во земјата пријавени се 2.311 случаи на зараза, а умреа речиси 100 луѓе, а, како што наведуваат медиумите, граѓаните се собираат и не ги почитуваат забраните за движење затоа што се гладни.
Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која би можела да означи крај на пандемијата, објави Би-би-си.
Светската здравствена организација (СЗО) одобри тестирање животни на две вакцини, кои се развиени на Универзитетот „Оксфорд“ и од американската компанија Inovio Pharmaceutical.
Австралиската национална научна агенција ќе процени дали вакцините се делотворни и дали се безбедни за луѓето.
Првото тестирање на вакцината против Ковид-19 почна во САД минатиот месец, но фазата на тестирање врз животни беше прескокната.