Како што е познато во вилата Водно, повеќе од еден час траеше седницата на Советот за безбедност во проширен состав, со учество и на функционери од економскиот сектор во земјава
Претседателот Стево Пендаровски рече дека ја поддржува одлуката на Владата сите државни функционери, меѓу кои е и тој, во следните два месеци да земаат минимална плата.
„Сметам дека мерката да земаме 14.500 денари плата во следните два месеци, е добра мерка. Сметам дека сите носители на државна функција треба да покажеме солидарност во следните месеци.
За економијата периодот ќе биде многу тежок. И не само овие два месеци, се разбира доколку биде неопходно мерката и да биде продолжена“, рече Пендаровски.
Првиот човек на државата доби новинарско прашање за можноста да се воведе „полициск час“ во време траење од 24 часа.
„Не, не разговаравме за воведување на 24-часовен полициски час. Советот за безбедност смета дека за такво нешто нема потреба, и дека се доволни овие мерки кои што се сега на сила. Институциите максимално си ја вршат својата работа“, рече Пендаровски.