Почина Драган Павловиќ – бил сопственик на познатиот мотел и засега не е познато дали бил заразен со Корона

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во неделата вечер дека е подготвен да воведе забрана за патување од дваесет и четири часа доколку однесувањето на луѓето не се промени.

„Немате право да ги загрозувате другите луѓе, вие мора да бидете одговорни и ако воведеме полициски час од 24 часа. Тоа значи дека нема да има живот на улица, нема одење во продавница“, рече Вучиќ за ТВ Прва.

„На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните фирми ќе им го платиме минималецот.

Фризерот сега не може да заработи пари, но ќе има да исплати минимална плата и за себе и за неговиот вработен. Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но на оваа помош може да сметаат само оние кои не отпуштиле повеќе од 10 отсто од вработените“, рече Вучиќ.

Инаку Драган Павловиќ, сопственикот на популарниот и за Македонците кои патуваат низ Србија, мотел „Предејане“, почина во Ниш во 57 година. Тој беше примен во оваа установа пред неколку дена со висока температура.

Сè уште не е познато дали тој бил позитивен на вирусот корона. Познатиот бизнисмен работеше долго време во Русија, по што се врати во Лесковац и го купи Мотел Предјејане. Тој остави сопруга и две деца.

Извор: Магазин

Претходна статијаОд СЗО пристигна смирувачка вест: Податок кој влева оптимизам
Следна статија(ВИДЕО) Нови мерки во Куманово каде за еден ден двојно скокна бројот на заболени со Корона