Во Македонија веке е регистриран прв смртен случај од коронавирус. Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.
Министерот за здравство, Венко Филипче по еден неполн час откако имаше прес-конференција се огласи повторно, но сега преку „фејсбук“.
Изразувам искрено сочуство до семејството и најблиските на пациентката која почина од КОВИД-19. Денеска е трагичен ден за сите нас – коронавирусот ја зема и првата жрвта во нашата земја.
Се работи за 57 годишна жена од Куманово, која докторите и покрај своите максимални напори не успеаа да ја спасат.
Се надевам дека по овој трагичен случај сите граѓани, до еден, конечно ќе ја разберат сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаме. Здравствените работници, Владата и сите државни служби прават сѐ во своја моќ да помогнат и ги преземаат сите потребни чекори.
Но, сега, како никогаш досега, ни треба помош и од секој од вас. Апелирам повторно, да ги почитуваме мерките, без исклучок! За живот се работи.