Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција ја претстави предлог економската програма на партијата која ќе се достави до Владата на усвојување.
-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.
Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.
Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.
Претседателите и членовите на советите на општините, како што најави ќе работат без надомест, исто како членовите на управните одбори, а парите ќе одат во фондот за борба против коронавирусот.
Лицата без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, пак, за април и мај ќе добиваат по 7.000 денари по семејство.
СДСМ предлага одложување на кредитите на граѓаните и на фирмите погодени од кризата за три месеци, како и забарана фирми да одат во стечај во овој период.
СДСМ предлага помош и за медиумите, односно минимална плата за вработените за април и мај исто така и за спортистите и уметниците од културата.