Се поблизу до воведување полициски час – познато кога ќе се знае одлуката

0

Воведување на полициски час е мерката која што е се поизвесна дека ќе стапи на сила во Македонија. Нешто што воедни и многу граѓани го бараат за спречување на ширење на корона вирусот.

Комисијата за заразни болести денеска до Владата треба да достави предог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус Ковид-19.

Предлог мерките предвидуваат забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст. По овие предлог-мерки Владата ќе одлучува на денешната 25-та седница.

Мерките кои ќе ги предложи Комисијата, пред Владата ќе ги бранат двајца епидемиолози, кои ќе ги определи министерот за здравство Венко Филипче. Во меѓувреме, задачи ќе имаат и полицијата и војската.

МВР и Министерството за одбрана се задолжуваат да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19. Двете институции се задолжуваат, во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата, соопштуваат од таму.

Владата усвои и мерка која се однесува на лицата што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка.

Трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка. За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин, соопштуваат од Владата.

Претходна статијаДимитров откри: 2300 Македонци по светот сакаат да се вратат во нашата држава
Следна статијаГрадоначалникот на Дебар повика на евакуација од градот на граѓани од други места кои се затекнале таму