ДНК со прдлог до Владата и до Венко Филипче

0

Познатата наша музичка група ДНК по пат на социјалните мрежи се огласи поради актуелната состојба со Корона вирусот и излезе со предлог до надлежните.

Драги наши сограѓани, За општото добро на сите нас имаме нешто да предложиме до Влада на Република Македонија и Венко Филипче за кои мислиме дека сите ќе се сложите и поддржите во ова барање.

Покрај ПОЛИЧИСКИ ЧАС, предлагаме Влада на ВЕДНАШ да се воведат ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА за движење на ВОДНО, КЕЈ, ГРАДСКИ ПАРК и сите останати помали и поголеми паркови и собиралишта кои се потенцијален извор на коронавирусот.

Мерката за разбивање на повеќе од 5 групирани луѓе е СМЕШНА исто како што беше смешна и мерката скратено работното време ( 18ч ) за угостителските објекти.

Ако немаме САМОДИСЦИПЛИНА карантинот место 3 ќе трае 6 месеци ( на сила ќе морате ), а исто така СФАТЕТЕ дека ќе УМРЕМЕ за ЛЕБ бидејќи кај 70% од граѓаните финансиите доаѓаат од приватниот сектор кој во моментов е пред КОЛАПС.

Ставете прстот на ГЛАВА и НЕ ИЗЛАГАЈТЕ ОД ДОМА. Апел и до вас родителите еве ви момент да ги ВОСПИТАТЕ вашите НЕВОСПИТАНИ и НЕКУЛТУРНИ деца ?

Со Почит, Панчо и Андреј

Претходна статијаМицкоски: Ние баравме војска и полиција на улица за да се заштитат граѓаните
Следна статијаЧулев се жали: Не ме додаваат во Вибер групата на Владата