Поради актуелната ситуација со вонредната ситуација предизвикана од Корона вирусот, во Македонија масовно се пазари, а пред се најмногу брашно. Деновиве брашнарите во нашата држава иако редовно се сервисираат, сепак за краток период се празнат.
Но од соседна Србија пристигна позитивна вест која делува ветувачки, а истата е потврдена и од првиот човек на државата, Александар Вучуќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека и покрај привремената одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот.
Пред сите, на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.
Според „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија.