Филипче сподели добри вести за Македонија од Кина, но неповолни од Бразил

0

Министерот за здравство, Венко Филипче денес на прес- конференција и се обрати на јавноста по повод новата ситуација. Особено акцент стави на темата респиратори.

„Во моментов едно лице е на машина за вештачко дишење и неговата состојба ноќеска се влоши и се наоѓа во критична фаза од лекувањето. Ќе повторам, ние располагаме со 120 респиратори.

Според досегашните светски показатели, 5% од заболените завршуваат на респиратори. Па така на 1000 луѓе 50 би бил на респиратори“.

Филипче се осврна и за плановите за набавка на нови респираторни машини.

„Денес добивме потврда дека Кина ќе ни ги донира они 200 респиратори кои што ги побаравме. Сега се барат начини како истите процедурално да пристигнат во Македонија.

Оние 50 што ги најавував дека треба да пристигнат до крајот на неделата се заглавени во Бразил откако нивната влада забрани извоз на медицинска опрема.

Се прават напори преку нашата амбасада таму да може да пристигнат во нашата држава.

Првиот човек на нашето здравство потенцираше дека во моментов, но и за следните неколку недели имаме доволно респираторни машини ако се потребни.

Претходна статијаНов прес на Филипче: Имаме новозаразени, сега бројката во Македонија е 70 – една жена критична
Следна статијаВучиќ одобри – добри вести за граѓаните на Македонија