(ВИДЕО) Во соседна Бугарија пратениците во скафандери влегоа во парламентот

0

Веселин Марешки и Кристина Таскова, пратениците од партијата „Волја“, во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата.

Марешки истакна дека сите бугарски пратеници треба да преземат мерки против новиот корона вирусот со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот народ.

Тој додаде дека „бугарскиот Парламент не треба да се претвори во центар на заразата“.

Во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти.

-Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата на бугарскиот Парламент, изјави претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева.

Бугарија веќе влезе во фискален дефицит во екот на светската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус и зголемените јавни трошоци за спречување на нејзиното ширење, рече премиерот Бојко Борисов.

Бугарија ги зголеми платите на медицинските лица вклучени во лекувањето на заразените пациенти за 1.000 лева или 563 долари месечно и најави 500 милиони давачки за поддршка на засегнатите компании за услужни заеми.

Само во вторникот, потврдените случаи во земјата скокнаа за 30% на 81, а земјата го запечати ски-центарот на Банско.

Борисов ги отфрли, како што ги нарече, популистичките повици за даночни олеснувања и замрзнување на плаќањата на сметките за електрична енергија и вода

Претходна статијаГероски: Сè што кажав до сега се оствари – следно владата ќе го ограничи движењето
Следна статијаСе огласи и Никола Груевски и упати совети како да се справиме со ситуацијата во Македонија