Заев со својата изјава го израдува македонскиот народ во овие тешки моменти

0

Следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21.

-Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година, почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година.

Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители – истакна Заев.

Тој посочи дека 43.000 вработени во угостителството и трговијата се првично зафатени со кризата.

-Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други.

Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството – рече Заев.

Премиерот Спасовски вечерва соопшти дека владата подготвила серија поригорозни мерки со кои ќе се воведе присилна изолација, блокада на Водно, надгледување во супермаркетите и аптеките…

Премиерот Оливер Спасовски најавува радикализација на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот. Во вечерашното интервју за Телма, Спасовски рече дека владата носи сет мерки од кои најважна е принудната изолација на оние кои нема да ја почитуваат препораката за самоизолација.

„Директно во центри за изолација ќе биде упатуван секој кој нема да го почитува правилото за самоизолација. Нема да има пардон за никој. Никој нема право да го загрозува животот на граѓаните“, вели Спасовски.

Претходна статијаЗаглавен Македонец во Швајцарија открива со што се соочил откако се обидел да тргне кон дома
Следна статијаЗаев им даде ,,принуден” на извршителите, а 3 месеци не треба да се плаќаат и рати од кредити