Над 500 Македонци треба итно да ја напуштат Малта: Сите сме ниту на земја ниту на небо

0

Најмалку 500 Македонци од Источниот регион на Малта во моментов се без работа и се во голема неизвесност поради Корона вирусот , информираат дел од нив за ТВ Стар.

Сите сме без работа и со препорака со денешен датум во рок од две недели да ја напуштиме Малта. Во спротивно, работните визи и личните документи нема да бидат продолжени или ке бидат уништени, соопштил ресорниот министер на Малта, информира млад штипјанец кој на Малта живее и работи 2 години.

Иако добар дел од нашите на Малта се подготвени да се вратат дома, во моментв тоа е невозможно.

Во момнтов нема летови до Македноија. Заобиконите варијанти се многу тешки но и скапи па голем дел од нашите немаат пари. Оние што имаат можност да останат поради безбработицата немаат пари бидејки трошоците се огромни.

Едноставно, сите сме ниту на земја ниту на небо. Очекуваме помош од нашата држава, вели тревожно нашиот соговорник.

Почитувани Македонци од Малта во текот на денот лично претседателот на Македонската заедница во Малта г-дин Maksimilijan Kazakov оствари телефонски разговори со генералниот секретар во Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia г-дин Зоран Попов,со Министерот за дијаспора г-дин Edmond Ademi како и со почесниот конзул во Малта на Македонија г-дин Метју Фенек во врска со новонастаната ситуација во Малта како потребата од помош која им е потребна на нашите сограѓани кои се затекнаа во Малта .

Лично сите се заложија за брзо разрешување на овој проблем со што вие ќе можете да се вратите во Македонија. Од наша страна сите што се пријавивте списокот веќе е предаден во МНР и таму е формирана работна група која во најбрзо време ќе ве контактира за понатамошни инструкции .

Ве замолумаве доколку познавате уште наши сограѓани кои навистина им е неопходно брзо враќање во Македонија да не контактираат . ( SHARE )

Се надеваме сите вие живи и здрави ќе се вратите во Македонија. Со почит Македонска заедница во Малта

Претходна статија(ВИДЕО) Селани од штипско: Кај нас Корона нема, ако се појави ќе ја одува нашиот ветер
Следна статијаД-р Несторовиќ и премиерката Брнабиќ: Утре ќе биде најкритичниот ден во Србија