Македонецот Кико кој е во Перу открива каква е состојбата таму поради Корона

0

Издржи Македонијо. Исто е и во Перу, порача поранешниот новинар на ТВ Стар Христијан Митев кој е на тримесечна турнеја низ Јужна Америка, на која замина многу пред ескалацијата на коронавирусот:

„Ова со кое се случи Штип, Македонија и Европа се случува и во Јужна Америка во Перу во градот Куско кој за 24 часа стана град на духовите. 1000 туристи се заглавени во хостелите на кои им е дозволено само да купат храна или да отидат до аптека. Ситуацијата е алармантна“ изјави Христијан Митев, Куско, Перу

Состојбата со коронавирусот го приморала Кико, или како што медиумите веќе го нарекуваат македонскиот Колумбо, да бара ново засолниште:

„Бев до овој момент во хостел со 50 души но таму не е веќе безбедно поради мое лично здравје. Решив да се преселам. Нема ниту такси, пешачам околу еден час со три торби на мене“ изјави Христијан Митев

Вечниот оптимист Кико, иако со опасноста од коронавирусот се соочува сам на речиси 12.000 километри оддалеченост од дома, сепак до своите штипјани и до сите жители од регионот, испраќа силна порака:

„Штип останете силни ние можеме да покажаме и да го победеме ова и како нација да го победеме овој вирус. Пораките од овој вирус се многу силни никогаш повеќе нема да бидеме исти“ Знам дека можеме седете дома, читајте книги пишувајте, цртајте. Јас читам биографии кои ме мотивираат“ изјави Христијан Митев, Куско, Перу

Република Перу се наоѓа во западниот дел на Латинска Америка, на север се граничи со Еквадор и Колумбија, на исток со Бразил, на југо-исток со Боливија, на југ со Чиле а на запад излегува на Тихи океан – Пацифик. Перу уште се нарекува татковина на цивилизацијата на древниот народ Инки чија територија била најголема во Јужна или Латинска Америка до освојувањата од Шпанија во 16 век.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар

Претходна статијаВенко Филипче објасни што значи вонредна состојба
Следна статијаПроговори докторот Арбен од Дебар кој доби Корона и упати апел до сите наши граѓани