Корона се шири во Скопје: Филипче објави колку нови случаи има од утрово

0

Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи напладне и откри каква е состојбата со Корона вирусот. Тој потврди дека од утрово има нови случа, сите од нашиот главен град.

Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации на прес-конференција во 15:00 часот во Владата на Република Северна Македонија.

Сакам уште еднаш да повторам. Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно.

Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Но, ова институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните.

Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик.

Претходна статијаПотег кој треба да го следат сите во Владата: Македонска Министерка се откажа од платата
Следна статијаСпасовски: Одлука која е една од најтешките кои се донесени во историјата на Македонија