Се огласи новинарот што го праша Филипче за реновирање: Ајде да ви нацртам, фала ви тролчиња

0

Статус на новинарот Даниел Василев кој поради свое прашање упатено до Министерот Венко Филипче за време на прес-конференцијата се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, но и на електронските медиуми:

За потсетување тој праша „Сооглед на тоа што сега почнува онаа сезона за реновирање дома. За да луѓето може да планираат, дал да почнат сооглед на тоа што тоа не е процес кој е за еден или два дена. Дали воопшто да почнуваат сооглед на тоа што знаеме има мајстори.

Ајде да ви нацртам о вие мастер тролови и големи новинарски имиња.

90% од времето го поминувате дома, така? – Така. Ајде прашајте наоколу колку од вашите соседи, колеги, пријатели итн. помислиле дека досадата да ја разбијат со средување на домот.

Дали е глупаво да се праша министер за здравство за реновирање дома? – Да, глупаво е, ама ова не е нормална ситуација. Зошто прашањето е адресирано до него?

Венко Филипче во моментот има поголем рејтинг од сите политичари, музичари, актери заедно. Сите го гледаат. Ако Филипче не каже да не се реновира, сигурен сум дека ќе има такви што ќе сакаат да го средат домот.

Мајстор не работи само во една куќа или стан, работат на повеќе места одеднаш. Кога ќе заврши во станот Х, ќе дојде кај вас. Што ако личност од станот Х е заразен?

Што ако утре властите донесат мерка во која би ги забраниле сите вакви активности? Тие што почнале или планираат да почнат ќе треба да домот да го остават таков-каков што е… Во таков случај, утре ќе треба да седат дома, во самоизолација, во недозавршен стан, што правиме тогаш?

На крајот на денот, реновирање на домот е скапа инвестиција, некој за да реновира треба со време да планира. Зошто луѓе да си ги дадат така парите во вакви услови во какви што живееме денеска?

Ајде да ви нацртам о вие мастер тролови и големи новинарски имиња.90% од времето го поминувате дома, така? – Така. Ајде…

Публикувахте от Даниел Василев в Вторник, 17 март 2020 г.

А за сите радознали, ниту реновирам, ниту планирам во догледно време.

П.С. Фала ви тролчиња, да не бевте вие, немаше да слушнат луѓето дека не треба сега да се прават вакви работи

Претходна статијаД-р Даниловски: Доколку не ги слушаме препораките, за две недели нè чека италијанско сценарио
Следна статијаКорона вирус: Препораки за пушачите, астматичарите, дијабетичарите и оние со висок притисок