Екс фудбалерот Панче Ќумбев започнува иницијатива: Ќе донира појадок за сите во велешката болница

0

Поранешниот македонски фудбалски репрезенативец, а сега претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ), Панче Ќумбев објави дека ќе донира доручек за сите вработени во општата болница во Велес за целокупниот медицински кадар, а истовремено и ги повика сите интернационалци и фудбалери, кои можат да го сторат истото во своите родни градови.

Ќумбев започна иницијатива и покажа неверојатна големина, во екот кога Македонија се бори против опасниот коронавирус, од кој веќе има 26 заболени во земјава, а државата буквално се самоизолираше за да спречи масовно ширење на новиот вирус како во одредени земји на Статиот континент.

Одлуката на Ќумбев да донира доручек за сите во општата болница е начин за да им се одаде признание и благодарност на целиот медицински персонал кој се жртвува во овој кризен период.

„Јас Панче Ќумбев со мојата фамилија одлучивме од утре среда до петок(значи три работни дена) да донираме појадок за сите вработени во ЈЗУ Општа болница Велес.Со овој чин сакаме да им кажеме едно големо благодарам на луѓето што се жртвуваат и даваат се од себе за наше добро во овој кризен период.

Воедно сакаме да ги поттикнеме сите добронамерни луѓе,бизнисмени,фирми од Велес и секој кој што сака да помогне на свој начин да го направи тоа.Нека ова биде еден вид предизивик за секој човек кој што е во можност финансиски,да направи еден мал чин кој што многу ќе значи за нашите херои од Велешката болница.

P.s Воедно како претседател на синдикатот на фудбалери на Македонија сакам да ги поттикнам сите наши интернационалци и сите наши фудбалери и спортисти да помогнат колку можат на болниците од своите родни градови.Во овој момент на Македонија и треба помош.Јас сметам на вас.

P.p.s Знам дека ова не е многу,но сакам да ја разбудам свеста на сите добронамерни луѓе,и заедно да ги испочитиваме луѓето кој што се секојдневно изложени на ризик.

Иницијатива!!!Апел!!!Сакам да покренам една иницијатива,воедно нека биде и апел до сите што можат.Јас Панче Ќумбев со…

Публикувахте от Kumbev Panche в Вторник, 17 март 2020 г.

Јавна благодарност до директорот на ЈЗУ Општа болница Велес Др Божидар Бојаџиев за помошта во реализација на оваа иницијатива,воедно и апел на сите кој што ќе се одлучат да помогнат да се обратат до него“, објави Ќумбев.

Претходна статијаДвесте Македонски граѓани ќе бидат ставени во карантин во Криволак
Следна статијаРасте бројката на лица со Ковид: Двајца доктори и две медицински сестри од Дебар на листата