Мицкоски се огласи по лидерската средба: Имаше неуставни предлози на самиот состанок

0

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, Најпрвин сакам да изразам благодарност до сите лидери на политички партии кои што беа денеска присутни на оваа лидерска средба, затоа што сите едногласно одлучивме дека здравјето на граѓаните ни е пред и над се. И дека треба да ги напуштиме што би се рекло тесните партиски интереси во моментиве кога тоа најмногу нацијата и граѓаните на Македонија го очекуваат од нас. И тоа се случи практично на денешната средба.

Едногласно со консензус практично сите донесовме одлука дека одложувањето на предвремените парламентарни избори кои што претходно беше закажано за 12-ти април. Е возможно и треба да се случи.

Она за кое што се разви дилема и за кое што имаше дискусија за време на состанокот беше да се најде правна основа како сето тоа да се реализира. Она кое што беше став на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, сега и ќе биде став во иднина, а тоа е да се почитуваат пред се Уставот, а потоа и законите.

Имаше неуставни предлози на самиот состанок да се свика Собранието повикувајќи се на некои минати искуства, но од наша страна беше аргументирано дека тие минати искуства со тоа што денеска е реалност во Македонија не може да се споредат. Бидејќи ситуацијата, но и состојбата не се исти.

И не само тоа, тогаш одлуката која што ја носеше Собранието беше со одложено дејство и заради таа причина тогашниот Уставен суд донесе одлука, бидејќи не се познава во Уставот одлука со одложено дејство, туку донесена или недонесена одлука. Се случи тоа што се случи. Па Собранието мораше два пати да се враќа.

Нашиот став беше дека е потребно веднаш после лидерската средба откако со консензус се донесе став да се одложат изборите, да се формира експертски тим кој што ќе донесе правна основа односно правен фундамент за одлука која што понатаму ќе значи и ќе подразбира одложување на предвремените парламентарните избори.

Тоа е првиот заклучок. Вториот заклучок е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го побара, а е различно од тоа што го изнесоа лидери на политички партии, дилемата дали да имаме кризна состојба на целата територија или да имаме прогласување на вонредна состојба. Она кое што е важно да се напомене е следново дека Уставот предвидува вонредна состојба, а не предвидува кризна состојба. Но она кое што е исто така значајно е што вонредна состојба практично не е регулирана со Закон, односно не е регулирана методологијата и одговорноста што би значело прогласување на вонредна состојба и кои би биле чекорите.

Додека пак постои Закон за справување со кризи и тој во минатото беше аплициран односно кога беа се сеќавате оние поплави во Скопје и ширум Македонија тогаш се повикувавме на тој Закон. И се формираше кризен штаб и се дејствуваше виза ви она кое што е дефинирано со законот за кризи. Така што можеби треба експертите кои што подоцна во денот ќе разговараат најпрвин 30-тина дена да се прогласи веднаш состојба на криза на целата територија на државата, дури потоа да се примени кон вториот чекор, а тоа е прогласување на вонредна состојба. Или пак некои понатамошни парцијални определувања на криза во определени региони кои што ќе бидат зафатени со пандемијата на корона вирусот.

Така што генерално тука би го заклучил она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ го добивме впечаток од денешниот состанок од денешната лидерска средба, остануваме на нашите ставови кои што јас во минатото ги споменував, а тоа е дека приоритет останува здравјето на граѓаните и справување со пандемијата која што ја предизвика овој корона вирус. Предупредувавме за сериозноста и исто така еве ја користам оваа прилика да ја предупредам и на имплементирање односно мониторирање на она што ни се случува во државата. Како се аплицираат оние мерки и препораки кои што ги носи владата за да не ни се случува прес конференција една во 13:30 и во денот да кажуваме дека немаме нови случаи, истото тоа да ни се случува понатаму од страна на претседателот на државата во 19 часот, за да потоа во 20 часот излезе министерот за здравство и рече имаме нови 5 случаи. Така што јасно треба да се следи она кое што државата како препорака го дава, апелот наш до граѓаните тоа да го почитуваат безусловно затоа што само на тој начин може да се намалат ризиците од нови случаи кои што би ја зголемиле практично зафатеноста од страна на корона вирусот овдека во нашата држава.

Понатаму, секундарно справување би значело и со економската криза за која што апелирам уште пред 7 дена да се преземат соодветни чекори и мерки. Се сеќавате тогаш имавме целосна пасивност од страна на владата која што во тој момент велеше ако има потреба ќе интервенираме, за да еве 7 дена потоа гледаме дека претставници на некои политички партии и самата влада велат дека дојде денот кога ќе треба да се интервенира, иако ние уште пред 7 дена апелиравме да тоа да се случи час поскоро за да може стопанството колку толку да опстане.

Истовремено предложивме низа мерки кои што значат како што кажав превенција и справување со здравствената криза, санитарната криза гледаме немаме мерки од страна на поедини општини, поедини центри кои што треба да ја спроведуваат и такви мерки предвидовме како ВМРО-ДПМНЕ. Остануваме фокусирани, ние ќе предлагаме оставаме на владата да тоа што ние го предлагаме како мерки да таа ги аплицира и ги применува. Се разбира ќе бидеме проактивни и ќе учествуваме и понатаму нема да критикуваме, критиките ќе ги оставиме за некои други времиња откако ќе заврши оваа состојба која што денеска ни се случува со пандемијата на корона вирусот.

Но, она што е важно да се каже еве долгата приказна на кратко да ја сумирам. Денеска да се состанат експертски тимови, да се најде правен фундамент за одложување на изборите бидејќи веќе постои политички консензус помеѓу политичките партии, а дури потоа можеме да зборуваме нели за понатаму како за дата кога би се случувале тие избори и така натаму.

Не постои правна основа за повторно свикување на Собранието, така што да останеме сите фокусирани и да се справиме со можеби еден од најголемите предизвици на човештвото, а тоа е оваа пандемија на корона вирусот, не само овдека кај нас туку и во целиот свет и паралелно со тоа да се справуваме со санирање на последиците од економската криза која што сериозно зема замав во целата држава.

Претходна статија(ВИДЕО) И ова го немавме слушнато – Венко Филипче доби чудно прашање
Следна статијаСмирувачки вести: Пристигнаа одговорите за сите што планираат да заминат во маркет на пазарење