Бројот на заболени ќе се зголемува во следниот период, смета министерот Филипче кој рече дека епидемијата на коронавирусот е во силен ек.
„Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, има почеток, аксцелерација, пик, и потоа намалување. Очекувано е, бројот на заболени во периодот кој доаѓа се зголемува. Затоа најважно е да се спречи локалната трансмисија. Превзедовме мерки за ширење на инфекцијата.
Затоа останете дома, не се собирајте, не се групирајте. Ограничете го движењето, не контактирајте го движењето, не се задржувајте во маркетите, задолжително често миење на рацете… Од сите нас зависи, од сите компании од сите институции и максимално мора да се посветиме, ова не е шега“,
Министерот за здравство Венко Филипче очекува во земјава да има околу 2.000 заболени од Ковид 19 и за месец дена да биде пикот на болеста, но не препорачува граѓаните тоа да го сфатат здраво за готово бидејќи се базира на претпоставки.
-Секоја вироза има пик по што се намалува бројот на заболени. Тешко е да се предвиди кога ќе биде пикот во земјава и ова што го кажувам треба да се земе со резерва зашто се базира на некои претпоставки, проценки и матеметики. Можно е бројот на заболени пациенти во нашата земја да достиген до 2.000, а пикот да биде за околу еден месец од сега, рече Филипче во одговор на прашање на денешнат апрес-конференција во Владата.
Тој посочи дека земјава има доволно резерви на маски и дезифекциски средства и како што рече, во овој момент или во скоро време тоа не би требало да претставува проблем.
-Маските не се нешто што не загрижува бидејќи имаме повеже од дваесет и неколку илјади на располагање и дозвола и од Бирото за јавни набавки и од Државната комисија за спречување на корупција не само Министерството за здравство, туку и секоја институција да може да набавува за себе, согласно итноста на ситуацијата. Разговарамве со наши производители за производството на дезифициенци и не уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено и оти не размислуваат на извоз во овој момент, рече Филипче.
Но на самиот крај од прес-конференција, од еден од новинарите Министерот доби во најмала рака чудно прашање:
Сооглед на тоа што сега почнува онаа сезона за реновирање дома. За да луѓето може да планираат, да почнат сооглед на тоа што тоа не е процес кој е за еден двна. Дали воопшто да почнат сооглед на тоа што има мајстори.
На што Филипче кажата: Нека седат сега дома, има време за реновирање.