Венко Филипче објави неповолни вести – сподели што очекува во периодот што доаѓа

0

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата ги соопштат најновите детали од состојбата со коронавирусот во Македонија.

„Очекуваме 200 патници преку Деве Баир да влезат во Македонија, а доаѓаат од ризични подрачја како Австрија и Италија. Истите веднаш ќе бидат изолирани во касарната на Криволак каде што ќе бидат под надзор и ќе и бидат обезбедени услови за живот.

Состојбата на сите пациенти е стабилна и непроменета, стабилна е и состојбата на пациентката на респираторна машина. До денеска 26 заболени пациенти, 17 во Скопје, 9 во Дебар, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

трово се тестирани 10 пациенти, рече министерот. Контролните тестови на тројца пациенти покажаа позитивни резултати. Тројцата се од Скопје и веќе се мапираат лицата со кои контактирале. Двајца од нив се сопружници вратени од странство, тие дошле пред неколку дена од Бугарија и во текот на денот ќе бидат префрлени во Инфективната клиника.

Министерот информираше дека од кинескиот амбасадор бил информиран дека Кина ќе додели помош од маски, одела и респиратори. Деталите ќе се знаат до крајот на неделата.

„Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има почеток, пик и на крај намалување на случаите. Очекувано е бројот на заболени во периодот што доаѓа да се зголеми. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија.“

„Презедовме мерки, останете дома, не се групирајте, излегувајте само ако имате некоја итност, не контактирајте многу со луѓе, не се задржувајте во маркетите држете дистанца, одржувајте лична хигиена. Од сите нас зависи, мора да пристапиме максимално сериозно. Ова не е шега. Мора да се однесуваме одговорно.“

Мерките ќе ги заоструваме ако излезе дека е неопходно, рече министерот.

Претходна статија(ВИДЕО) Докторот Кристиан сподели снимка од болница и порача: Како поинаку да разберете да останете дома
Следна статијаЗаев контра Пендаровски: Лидерот на СДСМ спротивно на она што го кажа претседателот