Прва дестинација е инфективната клиника. Таму веќе се згрижени заразените, а негата ја добиваат директно од докторите, сестрите и останатиот персонал. Докторката Милена Стевановиќ која е и директор на инфективната клиника за КОД раскажува како изгледа еден работен ден на вработените.
Првиот случај кој дојде на инфективното одделение беше жената од Скопско која се врати од Италија и која таму била лекувана без да знаат дека го има вирусот. По доаѓањето тука и беше извршено тестирање и се покажа позитивна. По ова се редеа случаите со двајцата сопружници од Дебар кој исто така се вратија од Италија, па докторката, па соседите на оние од Дебар.
За сега никој не го открива точниот број на оние кои се во домашен карантин или самоизолација, а се таму од различни причини. Такви ги има во Скопје, Дебар, Куманово, Стумица. Со ова се отвори и прашањето како и кој ќе им носи храна, лекови, основни сретства за хигена. Дел од нив се со помош од блиските, на голем дел им помага црвениот крст.
Ова е само еден од тимовите на Црвениот крст кој ги посетува оние кои се во изолација. Пакетите со храна се подготвуваат овде, во нив се става се што е неопходно и се дистрибуира до луѓето кои нема да смеат да излезат од дома две недели.
Но на луѓето кои се подолго време дома и не смеат да излезат надвор не им е потребно само да преживеат. Потребна им е и психолошка помош бидејќи од една страна се навикнуваат на новиот начин на живот, а од друга се соочуваат со фактот дека можеби се заразени со опасниот вирус.
Ова дошло до израз особено кога се зголеми нивниот број, вели секретарот на црвениот крст Сузана Тунева Пауновска.
Од полициската станица Бит пазар, заедно со патролата тргнавме и ние во обиколка. Полицајците имаат задача да набљудуваат дали оние кои треба да се во изолација ги почитуваат правилата.
„Инфективна клиника има 110 легла капацитет. Ако треба 110 легла да бидат наменети за Ковид 19 ќе бидат наменети. Не велам дека другите пациенти ќе ги оставиме незгрижени. Имаме сродни гранки. Имаме консултации. Повторно под наша супервизија ќе се лекуваат наши пациенти само во други објекти. Тоа не е нешто што не може да го реализире“, изјави директорката Стевановиќ за „КОД“ и доаде:
„Како ќе биде ако бројките се тие. Можеби ќе бидат и уште поголеми.Ако се навратиме од информациите од Кина, поголем дел од пациентите ќе бидат со лесна клиничка слика. Можеби ќе треба да дадеме препорака седете дома и јавете се ако имате потешкотии, ние ќе дојдеме“.