Жителите во општините Дебар и Центар Жупа го поминаа и второто деноноќие по прогласувањето на кризна состојба поради појавата на коронавирусот строго почитувајќи ги препораките од надлежните.
Како што јавува нашиот дописник од Дебар во општината се врши целосна дезинфекција на сите јавни објекти, продавници како и на улиците. Исто така се врши дезинфекција и на сите посебни возила кои влегуваат и излегуваат од Дебар .
Жителите на други општини, но и од странство кои се најдоа во Дебар на денот на прогласувањето на Кризната состојба од страна на Владата, се пријавени во Оперативниот штаб кој е во објектот на општината и на истите им е речено да ги почитуваат мерките на Владата .
Поголем дел од нив се сместени во хотелите на Дебарските Бањи – Цапа. Меѓу нив има и поголема група на туристи од Шведска .
Техничкиот премиер Оливер Спасовски пред неколку моменти преку својот профил на „Фејсбук“ напиша:
Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.
Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во…
Публикувахте от Oliver Spasovski в Неделя, 15 март 2020 г.
На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:
Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;
Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;
Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;
Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.
Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;
Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.
Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!