Статус на лекарката Марија Јаневска:
Знам дека знаете што работам. Не знам колку знаете дека од почеток на месецов работам по 12-15 часа на ден и работното време на сите (не само на мене) од медицинската фела е дуплирано.
И покрај тоа што школи не работат, кафичи не работат, претстави нема и се друго е откажано, болниците не само што работат туку и не затвараат. Персоналот се преморува и е под огромен психички и физички стрес, но и покрај тоа сум премногу разочарана од многу мои блиски и познаници.
Да повторам, јас сум РАЗОЧАРАНА од однесувањето на многу мои блиски и познаници. Затоа сакам да им се обратам на сите нив.
Деновиве се повеќе сфаќам колку појма си немате што значи зборот КАРАНТИН. Ако не одите на работа и школо, не значи дека треба ЧОПОРАТИВНО ДА СЕ СОБИРАТЕ кај некого дома во групи од по 10-15 души, да пиете, да се забављате како ова да е школски распуст, а не пандемија.
Карантин значи НЕМАЊЕ КОНТАКТ СО ДРУГ ЧОВЕК.
Пред да продолжите да бидете себични, запомнете неколку работи:
1) Вирусот е опасен бидејќи ги зафаќа белодробните крила и ти наложува да имаш потреба од респиратор неколку недели за да преживееш. НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ НА АПАРАТ ЗА ДИШЕЊЕ. Дали сте знаеле дека една држава има ограничен број на респиратори? Што кога нема да има повеќе респиратори? Следниот кој има потреба од респиратор, ќе умре.
2) Доколку порасне бројот на заболени (вистината е дека сме само на неколку недели од тоа сценарио, не се надевајте дека ќе поминеме лесно), и доколку се разболе Вашата мајка и млада девојка од 19 години, помош ќе и биде дадена на младата девојка, а не на Вашата мајка.
ВАШАТА МАЈКА ЌЕ БИДЕ ОСТАВЕНА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ НА ВИРУСОТ бидејќи државата нема повеќе ресурси (респиратори, болнички кревети и персонал). Доколку се разболете Вие, во фазата на инкубација можно е вирусот да сте го пренеле на Ваш пријател болен од рак или на вашиот дедо или вашата баба.
Знам дека знаете што работам. Не знам колку знаете дека од почеток на месецов работам по 12-15 часа на ден и работното…
Публикувахте от Marija Janevska в Събота, 14 март 2020 г.
Вирусот е скоро секогаш фатален за овие групи пациенти (постари пациенти, пациенти со дијабетес, висок крвен притисок, трудници и пациенти со карцицноми). Како ќе живеете со фактот дека ВИЕ сте причината што починал Ваш пријател или Ваш роднина?
Но, што Ви е вас гајле. Вас Ви е досадно дома.