Филипче се огласи и ги расчисти сите дилеми по последните написи во дел од медиумите

0

Статус на Венко Филипче:

Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници.

Во моментов нема дефицит на персонал во болницата. Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје.

Апелираме да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции. Министерството за здравство е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.

Претходно Министерот за здравство кажа:

Во моментов 12 се заболени од корона вирус, се тестираат уште 9 лица, до Владата ќе се достави предлог за затворање на моловите. Влошена е состојбата на првата пациентка од Дебар и таа од утрово е поставена на машина со механичка вентилација со соодветната терапија.

Се тестираат 9 лица. Шест се од Дебар, 4 имале директен контакт со заболените – втората група на пациенти, епидемиологот и техничарот кои се без симптоми, тестирање се прави за да се осигура нивната здравствена состојба. Се тестира едно лице странски државјанин преку ЦЈЗ Битола, претставник на една од меѓународните организации. Дополнително, се тестирани уште двајца пациенти, македонски државјани кои патувале во Шпанија и се јавиле заради покачена телесна температура.

Болницата во Дебар е организирана, епидемиолог, инфектолози и од болницата и од Дебарската бања се на располагање за сите пациенти од овој регион. Тие ќе работат во една или две смени, а ќе бидат на повик континуирано. Едно лице за целата организација е директорот на дебарската болница, има посебен еден дел од болницата, каде е како одделено физички одделение со посебен влез кадешто треба да се упатуваат и на преглед да се јават сите пациенти од овој регион коишто ќе добијат симптоми.

Утрово, разговарав со директорката на Бирото за агенцијата за лекови, во врска со снабдувањето на аптеките и на веледрогериите во Дебар. Им беше укажано на тоа како сега се спроведува, согласно новите процедури и правила за влез односно излез во градот.

Во целосна координација сме со Министерството за внатрешни работи во однос на потребата за поддршка за нашите лекарски екипи доколку се изнуди таква потреби да се помогне на лекарите во спроведувањето на изолацијата, односно евентуално доколку има некоја потреба во болницата. Засега нашите информации се дека во Дебар е мирно, дека нема некакви проблеми, луѓето се мирни и целосно разбираат за што станува збор. Ќе предложам до Владата затворање на моловите, со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19.

Претходна статијаВучиќ до Србите во дијаспората – не доаѓајте за Велигден, тоа ќе биде крај за нас
Следна статијаМВР со важно известување за Дебар и Центар Жупа