„Дојди на молитва, дојди на спасение“. Доволен е овој повик за верниците да дојдат на молитва.Тоа се случува независно од апелот на властите во земјава да не се прават јавни собири, вклучувајќи ги и џамиите. По пропишаниот абдест, односно ритуалиот за хигиена, влегоа во џамија…
Си ги заземаа местата според верските правила, еден до друг. Иако не ги зедоа превид препораките, сепак се погрижија за хигиената. Не само поради пандемијата со коронавирусот, но и поради универзалните пораки на Исламот.
“Да се свртиме кон зборот на пророкот „Нека е мирот и спасот Божји со вас“. Чистотата е половина од верата. Како и да е, ние како народ на пророкот Мухамед чистотата ја оставивме настрана, ослабнавме по ова прашање, но и покрај тоа, верата не’ прави да бидеме чисти“.
Заедно на молитвата повторуваа „Аллах е најголем“ Петочната молитва не ги наполни само џамиите, туку и чајџилниците. Речиси сите повозрасни рекоа дека излегле заради молитвата.
-Излеговме заради молитвата денеска, и потоа одам дома.
ТВ21: Не мислите дека е опасно да дојдете на молитва?
-Не, каква опасност, нема опасност!
ТВ21: Како се штитиш?
-Јас? Со ништо, со абдест.
ТВ21: А вие чичко?
“И јас со абдест. Се подготвивме за на молитва“.
-Само за молитва. Потоа одиме дома….друго нема
ТВ21:Само за петочната молитва или и за другите?
-Само петочната молитва, другите молитви дома.
Видовме еден продавач како работи со ракавици. Рече дека не работи поради коронавирусот, но дека ќе оди во џамија заради петочната молитва.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21