Корона вирусот ги напаѓа и младите, но за старите е ризичен – еве зошто е тоа така

0

Во Кина каде повеќе од 80 000 лица беа заразени, само 2,4% од нив се деца, а само 0,2% од нив се во критична состојба.

Со новиот коронавирус Ковид – 19, во целиот свет се заразени повеќе од 118 000 луѓе, а 4 000 луѓе го загубија животот. Меѓу нив има исклучително мал број деца, што претставува мистерија за епидемиолозите.

Во Кина, каде се заразени повеќе од 80 000 лица, само 2,4% од нив се деца, а само 0,2% од нив се во критична состојба. Според кинеските податоци, ниедно дете не завршило фатално поради Ковид 19.

Од друга страна, новиот коронавирус се покажа исклучително смртоносен за повозрасната популација, па така, во Кина меѓу заразените лица постари од 80 години, смртноста изнесува речиси 22%. Помеѓу 10 и 39 годишна возраст таа е само 0,2%, според студијата направена во Кина врз повеќе од 44 000 заразени пациенти.

Тоа не значи дека новиот коронавирус се однесува поинаку од другите вируси, како што е сезонскиот грип на пример, и кој е многу опасен како за старите, така и за младите лица.

Малите деца страдаат бидејќи нивниот имунолошки систем не е доволно развиен, а кај старите лица истиот е многу ослабен. Меѓутоа, кај новиот корона вирус, ова правило важи само за повозрасната популација и тоа е она што ги збунува научниците.

“Ако откриеме зошто овој вирус не ги погодува децата, тогаш голема е веројатноста да дознаеме и зошто толку силно влијае врз старите лица – смета Франк Еспер, специјалист за заразни болести.

Она што него и неговите колеги ги интересира е дали тежината на инфекцијата е на некој начин поврзана со опкружувањето на кое биле изложени пациентите, или пак има врска со тоа, како нашиот имунолошки систем се менува во текот на годините.

Можеби смр тноста нема никаква врска со вирусот, туку самиот носител, т.е заразеното лице – смета Еспер.

За да откријат зошто тоа се случува, бил направен експиремент со глувци. Имено, тие биле заразени со САРС, многу близок “роднина” на новиот корона вирус кој моментно се шири низ светот.

“Бебињата” глувци ја пребродиле инфекцијата, додека кај постарите глувци болеста им ги уништила белите дробови. На тој начин се утврдило дека смр тноста кај старите глувци не е само поради слабост во нивниот имунолошки систем, туку и поради претераната реакција на имунолошкиот систем на болеста.

“Агресивниот одговор на нивниот имунолошки систем, всушност му штети на организмот повеќе отколку самата инфекција” – велат истражувачите.

Ова го дава одговорот на прашањето, зошто децата се толку отпорни на овој нов вирус.

“Мислам дека станува збор за нешто механичко, а не имунолошко. Нешто што е поврзано со рецепторите во телата на децата им пречи на вирусите да се закачат за организмот – смета експертот Франк Еспер.

Ова всушност само покажува колку уште не ни е познат вирусот. Моментно сите се фокусирани на лекувањето, но има уште толку многу прашања на кои мора да добиеме одговор ако навистина сакаме да разбереме како функционира коронавирусот, дополнуваат виролозите.

Многу епидемиолози сметаат дека едноставно симптомите не се толку изразени кај децата како кај возрасните. Новите податоци добиени од кинеските научници покажуваат дека кај децата се најдени помалку случаи на зараза, бидејќи вирусот го барале само според симптомите. Затоа на почетокот се сметало дека децата се поотпорни и дека помалку се заразуваат за разлика од возрасните.

Меѓутоа, кога се тестирале и децата кои биле во контакт со заразено лице, а немале симптоми, се утврдило дека децата се зарзуваат во ист процент како и возрасните луѓе.

Во секој случај, јасно е дека се потребни нови истражувања за да се разбере овој “феномен” на коронавирусот кај децата.

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаФилипче е неуморлив: Министерот се огласи на полноќ
Следна статијаВенко Филипче објасни што значи Пандемија – по фази