Боки 13 ќе стори се за да излезе на слобода: Со својот профил на Инстаграм ја докажуваше невиност

0

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13 кој е првообвинетиот во случајот Рекет, на денешното судење покажува фотографии од својот инстаграм профил. Тие се дел од неговите понудени докази за кои вели дека ќе покажат оти облеката, чантите, обувките не се купени со пари од рекетот за кој е обвинет.

Фотографии што Бојан Јовановски-Боки 13 ги објавувал на своите профили социјалните мрежи од утрово се покажуваат на судското рочиште за „Рекет“.

Презентацијата ја прави Боки кажувајќи кој бренд е облеката што ја носи и датумот кога е објавена фотографијата на интернет. Станува збор за гардероба и модни додатоци кои му ги одзело обвинителството, па тој преку фотографиите сака да покаже дека запленетите брендирани парчиња ги имал многу порано од периодот ноември 2018 – април 2019 година кој е опфатен во обвинителниот акт за „Рекет“.

Така, Боки почна да покажува објави на социјалните мрежи уште од 2013 година на кои можеа да се видат повеќе модели чанти и чевли „луј витон“, меѓу кои на една се изгравирани и неговите иницијали Б-13.

Шапки, ремени, очила, фармерки, дуксери, капути… Исто така, можат да се видат на фотографиите. Брендовите, покрај Луј Витон, се и Долче и Габана, Шанел, Том Форд, Баленсијага, Реј-Бан, Версаче и др.

Боки покажа и фотографии со уникатни парчиња, како на пример, со чевли „џузепе ваноти“ кои се со црни кристали.

Додека ги презентира фотографиите, обвинетиот се присетуваше и каде се направени тие, па така дел од нив се во Милано, во бутици во Белград, при гостување во телевизиски емисии, на јавни настани.

„Ова е на промоција на песна на ‘Некст тајм’“, „Со оваа фотографија честитам Нова година“, „Овде влегувам во Основен суд Скопје 2“, се присетува Боки.

Станува збор за голем број фотографии, па по речиси еден час презентација, Боки успеа да ги покаже фотографии од 2013, 2014 и почетокот на 2015 година.

Претходна статијаНови мерки: Во кафуле или кафана само до 18 часот, но тоа не се
Следна статијаМногумина се прашуваат – зошто баш во Италија ,,букна” толку силно Корона