Мишо мој конечно се пресели кај мене. Ми дојде срцето на место. Конечно после толку многу години. И да не се разбереме погрешно, не го разведов јас и немам никаква грижа на совест.
Прво, Мишко со жена му немаа деца. Незнам од кои причини, официјалната е дека имала госпожата некакви генетски проблеми. Мишо се сомнева дека таа всушност не сакала деца, оти терала кариера.
Женската била нонстоп по патишта. Работи во таму некоја владина агенција за незнам што, каде што се изборила да биде блиска до директорот и постојано, таа да оди во странство. Да оди во Собрание да презентира закони од агенцијата и што ти јас знам уште што не прави таа ,,успешна” жена.
Мишо усисавал, пеглал и готвел по дома. Сопругата му незнаела ни јајца да спржи, а камо ли нешто друго. Одела со такси после работа кај мајка и, која и давала тепсија со ручек за да однесе дома и тоа понекогаш. Иначе Мишо готвел.
Се сомнева Мишо и дека бил изневеруван по тие патишта кај шо шетала кариеристкава, ама не му е тоа потврдено. Не е ни битно. Најважно е дека него му згаснала љубовта кон неа, веројатно засекогаш.
Ние сме во врска веќе две години. Се запознавме случајно на тезга на пазар. Заедно купувавме кај една женичка на Буњаковец и случајно се запраивме муабет за еден рецепт со кромид и месо.
На Мишо мој многу му се бендисувал тој рецепт, па го поканив на ручек. Незнаев тоагаш ништо за него ни дали е женет ни ништо. Јас не работам, живеам со мајка ми и нејзината висока пензија. Порано работев, сега не, се грижам за стара мајка.
Дојде Мишо, се воодушеви. Му се виде онака домашна, селска атмосфера кај нас во Дебар Маало. И започнавме врска, сега, како да ви кажам. Се роди некој флуид, некоја енергија меѓу нас.
Јас ум од мала учена да бидам домаќинче. Баба ми ме научи да готвам прекрасно, прсти да излижеш. Знаете како велат, љубовта и преку стомак иде.
Мишо мој знаел да седи кај нас и да ми рече: ,,Љубовче, ај компирчиња пржени ми се јадат”, јас одма сум рипала и за петнаесет минути на маса. ,,Љубовче, а пржени лепчиња?” – повелеле.
И доаѓа пред некој ден Мишо со два куфера и вели вака. Ја оставив онаа мојана конечно, ме примаш ли кај тебе за почеток, потоа ќе му ја мислиме каде и како ќе живееме…
Си го сакам, како да ви кажам. И повторно ќе повторам, не се чувствувам виновна за неговиот брак, дотичната негова сопруга самата си е заслужна за тоа што им се случи. а можда и таа ова го посакувала…
И.П. Фото: Илустрација
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.