Конечно една добра вест за Корона во Македонија: Се огласија од Министерството за здравство

0

Од Министерството за здравство информираа дека првата пациентка заразена со корона вирус во Македонија е излечена. Поточно и вторите тестирања покажале дека се негативни.

Резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот: https://vlada.mk/node/20446.

Апелираме до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат препораките на Министерството за здравство.

Претходна статијаПознато е кој ќе му биде противник на Заев во ,,четворката” на предвремените избори
Следна статија(ФОТО) Топ 5 држави во кои Македонците не треба никако да патуваат