Анастасија Богданоска, или како што милува да ја нарекуваат, Деа, за кусо време успеа да стане едно од препознатливите ТВ лица во земјава и со својата непосредност, шарм и снаодливост пред камерите, гледачите да ја засакаат.
Освен на телевизија, Деа е популарна и на социјалните мрежи на кои е активен корисник и речиси секојдневно споделува фортографии, мисли, цитати, постови… Последната, која водителката ја сподели на Инстаграм е навистина убава вест. Можеби најубавата во нејзиниот живот. Деа е бремена и наскоро ќе стане мајка.
Имено, откако се запознале преку заеднички пријател, шармантната водителка долго време ја криеше врската со својот избраник. Особено додека над него беа надвиснати темните облаци на неправдата и затворската закана заради познатите настани од кобниот 27 април во Македонското собрание.
Но, откако Богдан Илиевски попознат по прекарот „Бетмен велит“ ја доби заслужената амнестија, тие го симнаа превезот на нивната љубовна тајна. Богдан ја симна маската на Бетмен, а Деа јавно ја покажа својата љубов!
Тогаш, само со една фотографија и само со една максима, онаа добро познатата, извадена од срцата на навивачите на фудбалскиот клуб Ливерпул и нивната легендарна клубска химна „Never walк alone“:
„Чекори, чекори со надеж во срцето и… никогаш нема да чекориш сам… Никогаш“!
Главната уредничка на ТВ Алфа, Анастасија Деа Богданоска ја симна маската… на Бетмен! Сега, година и нешто подоцна, Анастасија Богданоска – Деа и Богдан Илиевски – Бетмен, ќе станат родители.
„Растеме“ стои под фотографијата на која Анастасија позира во широк црвен фустан истакнувајќи го нејзиниот труднички стомак, а во коментарите се редат честитки и убави мисли.
Се шпекулира дека среќниот пар наскоро ќе застане пред матичар и пред олтар. Или што би се рекло, останува само Деа да „велит“ – ДА, откако Бетмен ќе ја запроси… останатото – веќе го направиле!
Инаку Анастасија Богданоска беше новинар во порталот Курир, новинар и водитил во Канал 5 ТВ од каде замина и стана главен уредник на програмата на Алфа ТВ, а во моментов е водителка на утринската програма „Добро утро, секое утро“, во телевизијата.
Извор: Вистина