Љупчо Николовски се огласи по информацијата дека директорката со Корона била на неговата свадба

0

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред неколку дена правеше свадба. Меѓу гостите беа високи функционери на СДСМ, но и директорката на Кожна клиника за која денес беше потврдено дека е заболена со коронавирус, пренесе ТВ 21.

Но кратко требаше за да се огласи Николовски и да ги демантира сите овие наводи.

Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.

Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на…

Публикувахте от Ljupcho Nikolovski в Понеделник, 9 март 2020 г.

Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот.

Инаку меѓу гостите на оваа свадба беа и екс-премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, екс-разузнавачот Верушевски и други бројни високи партиски и владини функционери, меѓу кои и директори поставени од партијата. М

Генералниот секретар на СДСМ и екс министер за земјоделие, Љупчо Николовски и неговата сопруга Андријана Јакимовска, заедно со роднините и пријателите во хотелот „Александар Палас“ го славеа почетокот на својот брак.

Претходна статијаСо статус се огласи Министерот Филипче и објасни што со оние кои патувале за 8 Март
Следна статијаМицкоски и Николовски денес во Будимпешта имаа средба со Орбан