Тргна работата – Познато колку здравствени работници во Македонија веќе се во изолација

0

Во Дебар и Центар Жупа засега нема други сомнителни случаи на коронавирус, но поради контакт со сопружниците кај кои е утврден Ковид-19 во домашна изолација се осум здравствени работници, потврди Баки Халили директор на општата болница во Дебар.

Станува збор за здравствени работници кои имале контакт со сопружниците од селото Баланци,општина Центар Жупа, кај кои коронавирусот беше потврден во петокот.

-Од болницата во Дебар во домашна изолација се двајца лекари, еден лаборант и еден ренген техничар, додека од здравстениот пункт во Центар Жупа, двајца лекари и двајца медицински техничари. Сите тие имаа контакт со веќе заразените, додава Халили.

Според него во изминатите два дена извршена е целосна дезинфекција на просториите во здравствениот пункт во Центар Жупа, каде првпат се јавиле сопружниците за услуга, по нивното враќање од градот Бреша, Италија, на 27 февруари.

Додава дека претходно дезинфекција е направена во сите одделенија во дебарската болница каде што престојувале сопружниците и оти вработените строго ги почитуваат сите препораки на Министертвото за здравство.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат советите за избегнување собири и одржување хигена.

Дијагностициран е уште еден случај на пациентка позитивна на коронавирус. Нејзината состојба е стабилна со лесна клиничка форма, исто како и состојбата на двајцата сопружници претходно хоспитализирани. Состојбата на првозаболената е практично целосно стабилизирана.

Во текот на денешниот ден или утре ќе се направи контролниот тест, после што ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница. Морам да кажам со огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите на задолжителната автоизолација, после секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена наша колешка-лекар која пред една недела допатувала од Италија.

Таа докторка е директорка на Клиниката за кожни болести, и практично после враќањето во земјава во изминатите пет работни дена одела редовно на работа.

Претходна статијаЛазаров: Директорката ја пријавиле колеги, па уште и претела со откази
Следна статијаИталијански Министер јавно го критикуваше Македонецот: Тоа што го направи Пандев е лош пример