Ненад Лазаров, доктор од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари се огласи на својот фесјбук по повод новиот случај на заболен од Корона вирус.
Директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца- Билјановска е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа.
И тоа колеги ја пријавиле, не сама!Па уште и претела со откази…Министер, ја смени веќе нели?, напиша Лазаров.
И тоа колеги ја пријавиле, не сама!Па уште и претела со откази…Министер, ја смени веќе нели?
Публикувахте от Nenad Lazarov в Понеделник, 9 март 2020 г.
Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.
Таа е четвртиот пациент со коронавирус во Македонија и од денеска се наоѓа на Инфкетивната клиника во Скопје, со лесна клиничка слика.
Инаку таа е сестра на судијката Маргарита Цаца Николовска.
Денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција изјави дека е разочаран од нејзиното однесување.
Таа во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.
Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.