Џабе апели и се кога Филипче не го слушаат и неговите подредени

0

Корона вирусот денеска е дијагностициран кај директорката на Клиниката за кожни болести, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, докторката допатувала од Италија и веќе е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Нејзината состојба моментално е стабилна.

Министерот изрази разочарување што таа не ги почитувала апелите за изолација во траење од една недела, ако се патува во земја каде што има регистрирани случаи на Ковид-19 и по враќањето веднаш почнала да оди на работа. Меѓу колегите била пет дена.

Филипче информираше дека во моментов екипи од Центарот за јавно здравје на Клиниката за кожни болести прават проценка на степенот на ризик за сите коишто биле во контакт со директорката, по што би можело да се донесе одлука целиот оддел да биде затворен.

Министерот додаде дека ќе бидат поведени санкции за секој што со своето однесување ќе го загрози здравјето на луѓето.

Тој истакна дека таа во моментот е на Клиниката за инфективни болести и дека утре поминува 14-тиот ден од инкубацијата.

Со огромно разочоравување заради непочитување на мерките, морам да соопштам дека жената која е заолена од коронавирус е наша колешка, лекар, таа е директорка е Клиника за кожни болести. Во моментот таа е на лекување, ја хоспитализираат.

Ќе биде затворен цел оддел, а во иднина, ќе бидат преземни мерки за сите кои го загрозиле јавното здравје.Сите мерки кои ги предложи Владата, за масовни собири со гости од странство, самоизолација, треба да се почитуваат, секаде каде ќе видиме прекршување ќе преземем мерки.

Сите нејзини колеги и колешки се во изолација, морам да кажам дека сум максимално разочаран.“, изјави Филипче, алудирајќи на тоа дека таа прво ќе се лекува, а потоа ќе се размислува за санкции.

Претходна статијаРасте бројот на нови случаи од Корона во Македонија: Директорка на скопска клиника
Следна статијаЛазаров: Директорката ја пријавиле колеги, па уште и претела со откази