Анастасија Деа Богдановска: Денес не е ден на мајките – грешат сите кои мислат така

0

Анастасија Деа Богдановска важи за една од најшармантните и најхаризматични водителки во нашата држава. Таа за многу кусо време успеа да ги освои срцата на гледачите, пред сè на утринските емисии.

По извесно време во утринската програма на Канал 5 телевизија, Деа се пресели на нова адреса, односно доби ангажман во новата емисија насловена „Фронт“ , каде секој работен ден беше во комуникација со гледачите на различни социјални теми.

Потоа таа одеднаш во свој статус на социјалните мрежи, се поздрави со гледачите на Канал 5 и објави дека повеќе нема да ја гледаат на таа фреквенција. Но истовремено најави дека сепак ќе се дружи со нив.

Набрзо потоа, беше обелоденето дека Анастасија Деа Богдановска станува уредник во Алфа телевизија, каде и ден денес работи и комуницира со гледачите преку дебатните емисии.

Во статус по повод денешниот интернационален празник на жените, Деа порачува:

,,Фала ви на сите за честитките за 8ми март. Да сте секогаш со дигната глава жени-богињи. Нека е среќен денот на жената, не смо денес, туку секој ден. Оти без жена нема живот. Во секоја смисла на зборот.

За жал, има такви кои денеска честитаат ден на мајките. Со големи букви и промоции. Не е ден на мајките, ден на жените е. Оти не значи дека ако не си мајка, не си жена.

И утре не заборавајте дека сте исто толку вредни. И дека цвеќе заслужувате и за 10 дена од сега и не само за денот на вљубените и не само за роденден. И треба почесто да излезгувате со пријателките и колешките. Не само денес. Не се озборувајте од утре и не си правете “сопки”.

Доста ни се оние кои и така секој ден ги прескокнуваме. Не се заборавајте себе си во секојдневието и многуте обврски. Најдете време за себе исто како што наоѓате за вашите сакани. Заслужуваме. Многу повеќе.@

Претходна статијаДве држави членик на ЕУ за нашите матуранти со понуди што не се одбиваат – им нудат бесплатно студирање и пари на рака
Следна статијаПопуларниот матичен д-р Лазаров: Филипче, батали пресови – земи стап и размрдај сè што е заспано во здравството