Блерим Река е универзитетски професор по меѓународно право и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори од 2019. Река дипломирал на Правниот факултет при универзитетот во Приштина, а докторирал на универзитетот во Грац.
Во периодот 2006–2010 бил македонски амбасадор во Европската Унија. Река бил декан на факултетот за јавна администрација при универзитетот на Југоисточна Европа, како и проректор на истиот универзитет.
Поднел кандидатура како независен кандидат за претседателските избори во 2019 година со поддршка на Алијанса за Албанците и Движење Беса.
Во меѓувреме Река стана Министер во новата влада на Косово и веднаш се зафати за работа.
Косовскиот министер за евроинтеграции, Блерим Река, изјавил дека на Србија ѝ се нуди голем компромис, односно, како што пренесува „Спутник“, излез на пристаништето Драч во Албанија, преку територијата на Косово.
Иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го негира, албанските медиуми продолжуваат со објавување информации со наводниот план.
Река во изјава за косовската РТК, не изнел детални објаснувања за ваквиот предлог, но навел дека „никој нема право за територијата да преговара со Србија“.
Приштинскиот весник „Бота сот“ претходно објави дека САД подготвиле нацрт договор за Белград и Приштина, во кој наводно нудат корекција на границите или Заедница плус, со дополнителни побарувања на Србија.
Како што потсетува „Спутник“, во 1919 година, поранешниот претседател на САД, Хари Труман, уште пред да влезе во Белата куќа, предлагал Србија да добие излез на Драч.