Се огласи Филипче со детали за новите случаи со Корона: Познато од каде дошле и како

0

Откако од Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот, се огласи Министерот Венко Филипче.

Тој потврди дека станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

„Станува збор за маж и жена на возраст од 68, односно 62. години кои во Италија биле во градот Бреша, а во Македонија се вратиле на 27. февруари. После влезот на Грничниот премин Табановци, патници од автобусот се симнале во Куманово, Скопје и Дебар.

„Во автобусот биле 40 патници кои со помош на МВР веќе ги најдовме и ги лоцираме по што со сите ќе биде направено интервју.

„Двајцата пациенти биле на 2. март на болница кај матичниот лекар кој по прегледот ги пратил дома. Но денес се јавиле во болница во Дебар каде со епидемиолог од Гостивар и се направени тестови. Тие за време на престојот во Дебар имале контакт само со братот на жената со кого се прави интервју и ќе биде проценето дали ќе биде ставен во изолација.

Состојбата на двете лица е добра и стабилна, имаат лесна клиничка слика и вечерва со специјален транспорт ќе бидат пренесен во инфективната клиника во Скопје.

Владата на Република Северна Македонија го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година, и ги утврди како свои заклучоци и препораки до јавноста и до институциите.

Ова е одлука од денешната 14-та седница на Владата, на која министерот за здравство д-р Венко Филипче информираше за актуелната состојба со корона вирусот во земјата, и ги запозна членовите на Владата со информациите кои доаѓаат од постојаната комуникација со соодветните институции од земјите од регионот, Европа и од Светската здравствена организација.

Претходна статијаГерманците не губат време: По воведување на новиот закон за еден викенд ангажираа 29 нови работници
Следна статијаСе договоривме со жена ми да се омажи за стар човек од Австрија поради парите, ама ме изигра ко млад мајмун