Миа Костова на социјалните мрежи, поточно на свoјата Инстаграм приказнa објави прилично потресен пост. Во неa русокосата водителка им се заблагодарува на сите кои бргу интервенирале за загрозеното здравје, а веројатно во еден момент и животот на Миа, бргу да се вратат во стабилна состојба.
Она што е познато е дека Миа Костова со друшво, во придружба на нејзината мајка и синчето Андрија уживале во убавините на македонскиот бисер, меѓудругото и во неговата гастрономска понуда во неколку познати ресторани. Непријатната случка се случила во ресторанот лоциран на изворите на Црн Дрим покрај манастирот Свети Наум, каде Миа со своите најблиски и друштвото седеле.
Во еден момент на водителката „светот и се свртел наопаку“, по што само присебноста на вработените од ресторанот, нејзината пријателка Тијана Скулиќ и брзата интервенција, стручност и посветеност на Брзата помош од Охрид спречиле катастрофа.
„Имав колапс. Можеби не е ништо страшно, но ми се случи за прв пат во животот и ми беше прилично трауматично“, ни раскажа водителката откако на социјалните мрежи на кусо објави што ѝ се случило. Влегувајќи на ручек во еден од рестораните на Свети Наум, таа се онесвестила пред синот Андрија, пред мајка ѝ и пред блиска другарка.
„ Одеднаш изгубив свест пред син ми и пред мајка ми. Две минути не можеле да ме вратат. Седнавме на ручек и најверојатно од многу ладно влегов на претопло, до едно ќумбе. Одеднаш ми паднал притисокот. Наместо да легнам, јас станав да се спасам на воздух“, вели Миа и додава дека е голема среќа што во моментот кога паднала, ја спасила другарка ѝ.
„ Потоа сум се онесвестила. Не знам како ме вратиле, имаше многу луѓе околу мене кога се освестив. Ми ја отварале устата, веројатно и јазик сум проголтала. Ми раскажаа дека сосема сум помодрела. Само земав воздух одеднаш и се разбудив.
Паднав лошо со глава во дрво, среќа е што дргугарка ми што беше со мене ме задржала да не паднам на земја. Брзата помош стаса многу брзо“, се сеќава Миа и вели дека кога се вртила во Скопје, направила детална анализа која покажала дека нема здравствени проблеми, изјави Миа за „Женски Магазин“.