Германскиот авиопревозник Луфтханза денеска соопшти дека ќе приземји 150 од своите над 750 авиони низ целиот свет, поради ширењето на новиот коронавирус.
Дваесет и пет авиони за долги дестинации и 125 летала што сообраќаат на кратки и средни далечини“ веќе нема да извршуваат летови – изјави портпаролот на групата, во која се Еуровинг, Аустриан и Свис.
Акциите во Луфтханза паѓаат во последниве денови најверојатното поради влијанието на Ковид-19 врз секторот за воздушен сообраќај.
Во понеделникот, Луфтханза соопшти дека ќе го намали планот за летови за 25 проценти, особено на кратки и средни релации, вклучително и до области погодени од Ковид-19 во Италија, но и во Германија.
Луфтханза АГ е најголемата авиокомпанија во Европа во смисла на превоз на патници и национален авиопревозник на Германија. Името на компанијата потекнува од “Luft”, германски збор за воздух, и “Hansa”, моќна средновековна трговска компанија.
Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 одредишта во 81 земја. Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот. Седиштето на авиокомпанијата е во Келн, Германија, додека централниот аеродром кој го користи авиокомпанијата е аеродром Франкфурт, со втор хуб аеродром Минхен.
Луфтџанза е првиот член на Star Alliance, најголемата светска алијанса на авиокомпании. Star Alliance беше формирана во 1997 година заедно со Thai Airways, United Airlines, Air Canada и SAS Scandinavian Airlines System. Моментално, Star Alliance има 20 членови и 3 регионални члена. Луфтханза оперира со преку 400 авиони и вработува 105,261 луѓе ширум светот. Во 2007 година, 83.1 милиони патници летаа со Луфтханза.