Ванковска имаше што да каже за Апасиев: Му ги знам и родителите и семејството и него

0

Статус на Билјана Ванковска:

Морам да признаам дека синоќа бев во голема размисла и дилема откако ги видов реакциите за дуелот помеѓу Апасиев и Богојески (како „капак“ потоа следуваше едно урлање на Алфа каде водителката мораше да ги изгаси микрофоните зошто не можеше да воспостави ред помеѓу гостите). После дуелот од петокот, ова синоќа дојде како потврда дека нема Д од дебата, дека културата на дијалог е многу ниска, дека тешко ќе биде да се издржи кампањата (онаа формалната), итн. Но, дали е така?

Како жена во сериозни години и професорка, во прв миг и јас помислив дека Апасиев (за кого никогаш не сум ги криела политичките симпатии, односно мојата крајно лева ориентација) згреши што дозволи соговорникот да го симне на негово ниво и сето тоа да се претвори во општа галама без смисла и порака. Видов дека слично реагираа луѓе главно од пообразованиот и повозрасниот круг гласачи. За генералната јавност немаше дилема дека Апасиев без ракавици го порази Богојески на негов терен. Тоа сепак предизвика голем бран поддршка.

Отпосле си размислувам за нашето генерално лицемерие (тука мислам првенствено на тие што синоќа беа разочарани од Апасиев – демек, не му личи, професор е, нема домашно воспитание и сл.).

Прво, улогата на професорите во јавната и политичката сфера во оваа држава е не само неславно, туку и срамно. Не Апасиев (кој е многу помлад, дете на транзицијата и на стечајците), туку сите што му биле професори, беа или кетмани или луѓе кои помогнаа да се креира политичката некултура.

Јас тоа своевремено го нареков фрчковизација на јавниот простор – ме нападнаа, зошто тогаш Фрч им беше ЦАР! Нему и денес му се простува кога ќе каже за некој трет (колега, обично) дека е дроља, тетка, криминалец, и што ли уште не… Тој Фрчко беше и претседателски кандидат за кој мнозина овде гласаа и му се восхитуваа.

Второ, има ли морално право да се згрозува од „непристојноста“ на Апасиев општество кое го има Заев за премиер (тоа што трехничкиот дублира, нема везе, сите знаеме кој се бори да стане повторно премиер)? Некој со IQ33 не’ направи сите мајмуни, овци, стока – не’ извози со лаги, неумности, навреди, закани, и првенствено со ненадминатото ниво на глопост!!! Не’ срами штом уста отвори (на секој јазик)… И ние тоа го туркаме под чергиче зошто сега сме фини и сакаме фини пратеници во Парламентот? Абе, сфатете не сме фини – сите сме фалични, зошто низ онаква траума не се излегува „фин“!

Трето, и веројатно најстрашно, е што пообразованите кои глумат финоќа ЗАБОРАВИЛЕ или сакаат да заборавиме низ што минуваме 3 години! На ваква траума во нормално општество СИТЕ ќе бевме по улици, ќе псуевме и на клоци ќе ги избркавме неранимајковците! Да ти сменат личен опис, да те понижат, да те искрадат, да те излажат – ама не, ти сакаш фина и кулотурна дебата со програмски цели и стратегии… Боже господе!

Ние не сме нормални, затоа што во ненормалбни услови сакаме да глумиме нормалност! Цинизмот, бруталниот и директен одговор на Апасиев кон еден неранимајко и „тројански коњ“ во вид на божемен реформатор (третиран фино во Брисел и Вашингтон) требаше да биде наш КОЛЕКТИВЕН одговор на сето она што ни го прават (и како тргнало не е чудо да продолжат да го прават). Веројатно Апасиев има многу подобар инстинкт од нас постарите и фините кога го изразува гневот, кога покажува дека со „сељаците треба сељачки“, зошто не заслужуваат инаку да ги третираш. Неговиот глас треба да биде наш глас против сите овие сељаци од Потемкиновото село кое глуми држава.

Драги мои, помина времето на финоќа. Мене лично ми треба КРИК, ПСОВКА, БУНТ, подигнат прст кон небото – барем како симбол дека некој и тоа ќе го искаже во парламентот во кој сите костумосани и со фризури ќе млатат празна слама. Нека е и еден, уште подобро ако се 3-4 пратеника, ама нека ја нарушат онаа неподнослива леснотија на владеењето со теледиригирање однадвор! Левица во Парламентот!

И доста глумење финоќа – време е да се засукаат ракавите. Ова е можеби последен момент за зборот на F да се артикулира политички. А за воспитанието на Апасиев ич да не се грижите: му ги знам и родителите и семејството и него… Во нив има толкава работничка чесност, доблест, и интелигенција, но и храброст што немам грижа дека ова момче може со право на сите да ни држи лекции.

Претходна статијаЗаев експресно реагираше: Тоа е незаконски, веднаш мора да се корегира
Следна статијаНовинарката Радовановиќ: Не гласајте за Интегра, Родина-Модина – тие најверојатно работат за Зоран Заев