За малиот Марко Живковиќ кој сега има седум години и е од од Нови Сад повторно на големо се зборува. Ова момче на јавноста не е е непознато ако се знае дека пред пет години кога бил на само 2 години има научено да чита и пишува, а на географските карти уште тогаш се снаоѓал многу подобро од голем број основци.
Марко денес има нови полиња на интерес и нови таленти, меѓу кои и дарбата за музика, благодарејќи на која овој мал генијалец започнал да компонира уште на 3 години. Приказната за ова момче е објавена во емисијата „Квадратура круга“, која се емитува на РТС.
Пред 5 години, кога имал само 2 години, ова неодоливо момче пред камерите на РТС читал испишани реченици на кирилица, без ниту една грешка. Покажувал и каде се наоѓа Јапонија, но и ја поправил мајка му кога кажала дека оваа држава се наоѓа во Европа.
Исто така, не погрешил ни кога го прашувале каде се наоѓа Русија, Шведска, Египед, Мексико, Индија, како и Атланскиот, Индискиот океан… На само 2 години, Марко ја држел картата на светот на дланка, што многу основци ни кога ќе го завршат основното не го знаат тоа.
Родителите истакнуваат дека не го форсирале за ништо, туку дека самиот тој настојувал да учи секој ден нови работи.
Денес, тој е првак и ученик во мизичкото училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, во кое е примен како најмлад ученик во историјата на училиштето.
Клавир започнал да учи на 4 години, а како што и самиот вели, на три години започнал да компонира.
„Започнав да читам на 2 години, а да компонирам на 3. Мене музиката ме влечеше, јас сакав да ја научам и теоријата. Татко ми ми ја пронајде на Интернет теокријата на Марко Тајчевиќ, јас ја прочитав и научив“ – раскажува ова момче.